Македонија
13. November 2015 - 16:25

Спасовски создаде хаос во работата на МВР и функционирањето на безбедносните служби

Вистински хаос во Министерството за внатрешни работи предизвика вчера министерот Оливер Спасовски откако доцна попладнето со телеграма комплетно ја развласти полицијата. Со својата одлука Спасовски им ги зема сите овластувања на началниците, директорите и командирите во полицијата, па така доколку вчера вечерта, Македонија се соочеше со некоја терористичка закана, Директорот на бирото за јавна безбедност немаше да има овластувања да ги ангажира полициските специјалци за да дејствуваат на терен.

Одлуката на Спасовски направи комплетен хаос и во пониските ешалони на полицијата. Граничната полиција била во комплетен хаос при справувањето со мигрантите па во текот на ноќта не се знаело кој за што има овластувања на македонската јужна граница.  Вработени во МВР со долгогодишен стаж велат дека вакво нешто не виделе откако влегле во полициската униформа.
За помалку од 24 часа на Спасовски му стана јасно колкава штета им направи на граѓаните и во каква опасност ја донесе Македонија , па утрово ретерираше. Преку нова телеграма тој почна да им ги враќа овластувањата на управните служби.

Ретерирањето на Спасовски е само уште една потврда за неговата неспособност и професионална неподготвеност, за што експертската јавност уште одамна испрати серија предупредувања.
Предупредуваа имаше и од пратениците во Собранието и тоа токму од они кои пратеничкото столче го добија преку кандидатската листа на СДСМ

Но освен непрофесионалноста, одлуката на Спасовски говори и за манипулторскиот однос на СДСМ кон граѓаните.

Експертите велат дека неостварената желба на СДСМ за власт сепак си го сторила своето. Помалку од 2 дена му требаше на Зоран Заев да згази преку она што го кажа во средата и во министерството за внатрешни работи да спроведува власт, која не ја добил од граѓаните на избори.