Македонија
18. November 2015 - 13:36

Спасен работникот кој се обиде да се самоубие на улица Македонија

Пред неколку минути со интервенција на неговите колеги, беше извлечен работникот кој се закануваше дека ќе се самоубие со скок од скелето на зградата на улица Македонија во центарот на Скопје.

Станува збор за четириесет и двегодишен маж од Скопје, С.К. кој во алкохолизирана состојба се качил на скеле кое било прикачено на зградата над „Мекиците на стража“ и сакал да скокне.

Инцидентот се случил околу 12:30 часот, а од намерата за скокање од зградата го одвратиле припадниците на Единицата за брза интервенција – АЛФИ.

Како што информира портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска С.К. (42) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол, се качил на скелето на зградата на четвртиот кат и се заканувал дека ќе скокне.

Веднаш по дојавата, припадници на единицата Алфа во 12:30 часот успеале да го симнат С.К. од скелето и да го пренесат на Клиниката за токсикологија.