Македонија
13. November 2022 - 12:08

Сообраќајка во Охрид, повреден малолетник кој управувал мотор

Вчера во 20.20 часот на магистрален пат А2 Охрид-Кичево, во населба Горица, кај бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(39) од с.Другово, кичевско, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 16 годишен малолетник од Кичево, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, кој бил пренесен во Медицински центар-Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кичево.