Македонија
20. July 2015 - 21:42

Сообраќајка кај Воена болница, има и повредени

Две патнички моторни возила се судрија вечерва околу 7.30 часот на булеварот Илинден, односно на раскрсницата кај Воена болница. Двете возила видно оштетени останаа на раскрсницата да ја чекаат полицијата, а возачот и совозачот на џипот најверојатно беа префрлени во Ургентниот центар на Градската болница “8 Септември која е во непосредна близина на сообраќајката.

Дека се работи за силен удар меѓу двете патнички возила со скопски таблички сведочат и отворени воздушни перничиња на џипот кој имаше видно оштетена предница.

Другото возило имаше оштетување во задниот дел.

Полицијата треба да ги утврди причините за оваа сообраќајка и кој е виновен во овој случај.