-->
-->
„Соколите“ се изборија за „мајсторка“
-->
Кошаркарите од Карпош Соколи се изборија за петти натпрвар во кој ќе се борат за прва шампионска титула. Клубот од Карпош го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром на свој терен СО со конечни 86-78 (26-25, 30-14, 9-22, 21-17) и израмни на 2-2 во победи во серијата подорбар до три.
Натпреварот изобилуваше со атрактивни акции на двете страни, но кога стануваше збор за реализирани шутеви од далечина тука прецизноста беше на страна на домашниот состав. Со 13 шутеви за три поени, „Соколите“ направија огромна разлика од 21 поен (51-30), но успеаја да ја задржат до крајот на првиот дел од натпреварот. Во третиот период, се разиграа кошаркрите од гостинскиот состав и со серија од осум поени само ја најавија доминацијата на паркетот. Во наредните десет минути следеше тесна битка во која гостинот се доближи и на само два поени негатива (73-71). Кога се чинеше дека „аеродромци“ ќе направат и резултатски пресврт се разигра Бојан Трајковски, а поените од линијата за слободни фрлања не беа доволни за победа на кошаркарите од клубот од Аеродром.
„Мајсторкта“ меѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи е закажана за 24. мај во Јане Сандански
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ