Македонија
30. August 2015 - 19:26

Со помош на Владата се реализираат проекти во 36 населени места во Струмица

Патишта, фекални канализации, паркови...Ова се дел од  проектите кои ќе се реазлизираат во 36 населени места во Струмичко со владина подршка преку програмата за рурален развој. Подобри услови за живот ќе имаат жителите во населените места во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Премиерот Никола Груевски вчера при посетата на овој регион најави дека Владата ќе продолжи со инвестициите и во овој дел од Македонија.

Во општина Босилово ќе се градат патните правци Босилово – Радово и Бориево – Еднокуќево, ќе се градат улици во населените места Босилово, Моноспитово, Робово и Еднокуќево и ќе се изгради и велосипедска патека во Иловица.

Во општина Василево ќе се гради фекална канализација во населеното место Владевци, ќе се градат улици во Добрешинци, Ангелци и Градошорци а ќе се гради и улица во населеното место Сушево.

Во општина Ново Село ќе се работи на патниот правец до водопадите каде што ќе се гради и паркинг простор,а во оваа општина ќе се финансира и уредување на паркови во 14 населени места во оваа општина.    

Во општина Струмица каде од страна на Владата се прифатени сите проекти со кои  аплицираше општината ќе се реконструираат домовите во Просениково, Дабиле, Вељуса, Добрејци, Попчево и Костурино, ќе се уредуваат паркови во Просениково, Куклиш, Костурино, Муртино и Свидовица, а ќе се уредува и патната инфраструктура во локалитетот Банско.