Снимка од апсење на терорист - И Белгија на нозе
Наводно се работи за група на терористи кои учествувале во нападот во Париз и успеала да побегне во Белгија по нападот.
Белгиската полиција уапсила тројна осомничени поврзани со терористичките напади во Париз, соопштија белгиските власти.
Портпаролот на обвинителството Кун Хенс изјави пред новинарите дека во прградието на Брисел во Моленбек, во кој претежно живеат граѓани со мароканско потекло, спроведена е антитерористичка акција во која се уапсени неколку луѓе.
Акцијата е покрената откако е откриено дека едно од возилата од кое терористите пукале на посетителите на парискиот ресторан имало белгиски регистрации кои се поврзани со адресата во Моленбек вели тој.
Наводно се работи за група на терористи кои учествувале во нападот во Париз и успеале да побегнат во Белгија по нападот.
Белгија држи европски рекорд по бројот на своите граѓни кои се придружиле на џихадистичките организации на Блискиот Исток, а Моленбек има репутација на „расадник на терористи“ поради силните активности на ектремните исламисти во тоа предградие.
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли