Словенија нема да протера денеска ниту еден руски дипломат
Словенија не се одлучила да протера некој од дипломатите на Русија поради случајот во Салзбери, потврди денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец.
Голем број членки на ЕУ денеска одлучија да протераат одреден број руски дипломати поради наводната вмешаност на руските власти во нападот со нервен отров во Велика Британија, но, меѓу нив, како што соопштуваат словенечките медиуми не се: Словенија, Словачка и Австрија.
Министерот Ерјавец, кој е дел од владата на Миро Церар која од неодамна е во оставка и извршува само тековни работи, изјави дека Словенија не донела одлука за евентуално протерување руски дипломати оти е потребно најпрвин да се утврди што всушност се случило во инцидентот во Салзбери.
- Уште е прерано за одговор како Словенија ќе постапи за тој случај. Ние се придржуваме кон ставот на неодамнешниот состанок на Европскиот совет дека е потребно да се утврди што всушност се случило, вели Ерјавец.
За ова прашање владата во оставка ќе расправа в четврток.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори