Скандал на погреб: Кога го отвориле ковчегот следел ШОК
Судот наложил нишкото комунално претпријатие „Горица“ на Светлана Марјановиќ да и исплати 70.000 динари зошто телото на нејзиниот сопруг не било сочувано на температура која спречува распаѓање. Исто така судот наложил да вдовицата да и се исплатат и 70.400 динари за трошоци на судската постапка.
Миодраг марјановиќ починал на 10 март 2013 година од срцев удар. Телото е префрлено на 11 март во капелата на Новите гробишта, а погребот е закажан за 13 март.
Меѓутоа кога роднините го презеле телото и го отвориле ковчегот заради опелото во црква, доживеле шок. Телото на покојникот се наоѓало во состојба на распаѓање, било надуено, во локва крв, а околу него се ширела неидржливо непријатна миризба. Роднините почнале да се караат со вработените од погребалното, а при тоа морала да интервенира и полицијата.
Случајот дошол на суд каде во судска постапка е утврдено дека ладилниците во капелата биле неисправни. Погребалното се правдало дека постапиле по прописи но дека телото 23 часа било чувано во домашни услови и почнало да се распаѓа кога било донесено кај нив.
Вдовицата најави приговор на пресудата зошто одредената сума е премала за дуѓевната болка што ја претрпела со овој скандал на денот на погребот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата