Македонија
15. јуни 2024 - 16:34

Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата

Националната земјоделска мрежа ја утврди производната цена на пченицата. Според нивните калкулации за да се произведе еден килогам лебно зрно потребни се 19 денари. Сепак, за да биде потврдено од релевантна институција, ќе побараат истото да го стои и Земјоделскиот институт при УКИМ.

- За да можеме да се повикаме на релевантен документ и да потврдиме дека таа производна цена што ја констатираме е реална, изјави Ѓорѓи Каракашев, Национална земјоделска мрежа

На состанокот се дискутираше и за откупната цена, но и за намалените површини и приносите по единица хектар.

- Стартот на жетвата започна, приносите се многу намалени и се движат помеѓу 1500 до 3000 кг по хектар, што е многу малку, а за сметка на тоа откупувачите нудат многу мизерни цени од 8 денари, што е многу далеку од прозводната цена, а не даоствариме економска добивка. Економски оправдана цена за нас оваа година е 30 денари. Се што е под 30 денари не води во загуба, додаде Каракашев

Формирано е работно тело кое ќе ги претставува пред институциите на системот за да се бара решение за годинашната реколта.

- Очекуваме да се вклучи активно Владата и институциите, како медијатори да не седнат да разговараме со откупувачите и пекарската индутрија, да може да се најдеме некаде на средина, бидејќи, вака ако се продолжи ние дефинитивно ќе се откажеме од производство на житарици, изјави Каракашев

Годишното производство изнесува околу 250 000 тони пченица, а потребите на населението се над 370 000 тони.

- Ни не можеме ниту во најдобрите години да ги задоволиме потребите на населението, што не значи дека треба да увезуваме по дампинг цени и да ги рушиме цените на нашите производители, додаде Каракашев

Доколку не се изнајде заедничко прифатливо решение, Каракашев најави масовни протести на земјоделците