Сител тема: Обединета европска армија- зошто е подобра од НАТО
Европската Унија има потреба од заеднички воен центар, кој ќе биде почеток на обединување на воените сили на Европа. Тоа значително ќе ја зајакне улогата на континентот во светски рамки, но во исто време ќе ја намали улогата на НАТО, а со тоа и на САД. Се почести се теориите за создавање на Европска армија во која ќе се интегрираат сите армии на 28 земји членки на ЕУ и НАТО. Како што пишува “Вечер” според познавачите безбедноста на Европа во ваква состојба е опасно загрозена, бидејќи САД кои управуваат со НАТО пактот почнаа со изградба на голем штит и ракетни системи насочени кон Русија. Ескалација на тензиите би можела да биде катастрофална за Европа.
- Како Европејци, ние треба да преземеме поголема одговорност за сопствената безбедност. Ние мора да бидеме подготвени и способни да ги одбиеме евентуалните напади и да се заштитиме од надворешни закани. Додека НАТО постои за да ги заштити своите членки вклучувајќи ги повеќето од Европа од надворешни напади, Европејците мора да бидат подобро опремени, подобро обучени и организирани за да одлучно придонесат во такви колективни напори, но, исто така, да можат да дејствуваат автономно ако има потреба.
Сепак според “Вечер” создавањето на Европска армија никако не би одела во прилог на Соединетите Американски Држави кои би направиле се што е во нивна моќ да спречат формирање на ваква Армија.
- Таков ентитет ќе ги постави домашните безбедносни грижи во рацете на Брисел, што значи дека евентуални продемократски демонстратори (во овој случај, тие кои ќе агитираат за референдум за излез во нивните домашни држави или за демократска реформа на ЕУ) може насилно да бидат задушени од војската на некоја друга држава или од коалициска сила, ако Брисел почувствува дека повеќето полициски сили на владите не прават доволно да ги да ги обезбедат "интересите на ЕУ".
Што се однесува на Македонија, познавачите сметаат дека нема да биде мудар потег државата да се приклучи на оваа Армија, особено затоа што не е дел од блокот. Со тоа според нив ќе се олесни постепената деструкција на Македонскиот суверенитет преку онеспособување на владата адекватно да одговори на заканите против нејзините граѓани.
