Loading Video...
Свет
22. December 2025 - 19:49

Преглед на вестите од светот

Тридневните разговори во Мајами за мировно решение за војната во Украина беа продуктивни и конструктивни соопштија руските, украинските и американските претстанвици , но не се објавени повеќе детали или конкретен напредок. Американските преговарачи Витков и Кушнер оддржуваа одделени состаноци со украинаската делегација предводена од Рустем Умеров и со рускиот преговарач Кирил Дмитриев. Трамп ги притиска Украина и Русија да склучат мир до крајот на годината.

Рускиот генерал Фанил Сарваров е убиен утрово откако експлодирала бомба поставена под неговиот автомобил. Бомбата била детотирана кога Сарваров влегол возилото. Екпслозијата се случи на паркинг во станбена населба во Москва. 56 годишниот Сарваров, бил началник на одделот за оперативна обука на вооружените сили.

- Се испрашуваат очевидци, а се разгедуваат и снимки од безбедносните камери. Се испитуваат различни верзии за убиството, од кои едната вклучува можна улога на украинските разузнавачки служби во организирањето на злосторството, изјави Светлана Петренко, портпаролка на рускиот истражен комитет.

Украина се уште не го коментирала случајот. Безбедносната служба на Украина ја презеде одговорноста за сличен напад врз висок руски воен претставник во декември 2024 година.

Трамп објави дека го нззначил гувернерот на Луизијана Џеф Лендри, за специјален пратеник на САД за Гренланд, данската автономна територија за која американскиот претседател вели дека треба да биде од САД од безбедносни причини. Џеф разбира колку Грендланд е суштински за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапредува интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузнициа, а всушност и на светот, напиша Трамп на Truth Social. Лендри пак изјави дека е почестен со волонтерската улога да го направи Гренланд дел од САД, идеја што Данска и Гренланд постојано ја отфрлаат. Шефот на данската дипломатија, Локе Расмусен порала дека САД мора да го почитуваат територијланиот интегритет а ДАнска и најави дека ке го повика американскиот амабасдор во Копенхаен на консултации.