Сириските бегалци во Германија избегале поради страв од режимот на Асад
Најголем број од сириските бегалци кои што пристигнале во Германија своите домови ги напуштиле поради страв од режимот на Асад. Резултатите од интервјуата со околу 900 бегалци кои што пристигнале во Германија во август и септември покажуваат дека големо мнозинство од нив бегаат од сириските власти под контрола на претседателот Асад.
Според истражувањето спроведено од невладини активисти и Центарот за социолошко - политички истражувања во Берлин во бегалските центри во Берлин, Хановер, Бремен, Лајпциг и Ајсенхутенштад поради страв од ИД избегале 42 отсто од бегалците.
Во интервјуата во кои било можно да се дава повеќе од еден одговор на прашањето „зошто избегавте од Сирија“ 13 отсто се изјасниле дека заминале поради економски причини, осум отсто рекле дека се плашат од регрутација во оружените сили. Од 66 отсто кои што избегале поради директен страв за својот живот дури три четвртини рекле дека се плашат од апсење од режимот на Асад и од киднапирање.
Повеќе од 200 илјади бегалци од Сирија во текот на 2015 година пристигнале во Германија. Според меѓународното право тие имаат право да останат таму се додека трае конфликтот во нивната земја.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња