Синодот на Грчката православна црква со реакција на одлуката на БПЦ
Светиот синод на Грчката православна црква, на состанокот одржан во четвртокот, ја разгледал одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да преземе улога на мајка црква на „расколничката црква на Македонија“, соопшти грчкиот православен сајт romfea.gr.
Светиот синод на ГПЦ, како што стои, навел дека „одлуката на црквата на Бугарија претставува мешање во надлежностите на друга црква, што е спротивно на светите правила и канонското право и игнорирање на улогата на Вселенската патријаршија“.
- Светиот Синод е загрижен за фактот што БПЦ со нејзините активности се меша во надлежностите на друга правослвна црква, односно во Црквата на Србија, постапка која е спротивна на светите правила и традицијата на црквата. Светиот Синод посакува да преовлада претпазливост и одлуката на бугарската сестринска црква да не биде конечно спроведена, соопштуваат од Светиот синод на ГПЦ, наведува romfea.gr.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o