Свет
19. March 2016 - 14:48

Силен земјотрес во Саргаското Море

Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Саргаското Море во близина на островската држава Антигва и Барбуда, јави ТАСС. 

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот се сличил на 24,5 километри под дното на Саргаското Море, со епицентар на 150 километри североисточно од главниот град на Антигва и Барбуда, Сент Џонс.

Досега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавена ниту опасност за можна појава на цунами.