-->
-->
Што може да предизвикате доколку седите со прекрстени нозе?
-->
Сигурно сте слушнале дека не треба да седите со прекрстени нозе особено ако имате проблем со циркулацијата. Но, постои ли навистина научно тврдење зошто не треба да седите на овој начин? Еве неколку работи кои би требало да ги знаете.
Проширените вени, чувството на тежина и отекување на нозете, грчевите, чешањете и немирот во нозете често се поврзува со седењето со прекрстени нозе, но сепак тоа не е баш така.
За да ја превенирате појавата на проширени вени, редовно вежбајте, избегнувајте долги периоди на стоење и проверете дали некој од вашите родители има варикозни вени.
Што се случува со другите проблеми како оштетување на нервите и лошото држење на телото кои исто така се поврзуваат со начинот на кој седиме? Се покажало дека седењето со прекрстени нозе може да ги предизвика овие проблеми. Но, голем број проблеми се привремени.
Кога ќе ги прекрстите нозете го притискате перонеалниот нерв, кој се наоѓа зад коленото и ја носи чуствителноста во нозете и стапалата. Но, штом ќе ја промените положбата на нозете, притисокот се ослободува и работите се враќаат во нормала.
Значи, прекрстените нозе нема да не убијат, само одвреме навреме одморете се…
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228