Штипјани ќе добијат огревно дрво до крајот на неделата
Македонски шуми преку својата подружница „Серта“ обезбеди 90 % од нарачаните, но неиспоставени огревни дрвја за штипјани. Поради недостаток, односно поради тоа што подружницата располага со минимален дрвен eтат во земјава, дрва за огрев се набавуваат од останатите општини од Македонија, кои имаат суфицит.
-Вклучени се сите институции, под раководство на „Македонски шуми“, на национално и локално ниво и можам да кажам дека дрвата и дрвните асортименти за граѓаните на Штип, веќе се обезбедени-изјави Дарко Шумански, директор на подружница „Серта“
Во акцијата за разнесување на дрвата со своја механизација се вклучува и јавното комунално претпријатие.
-Сите трактори и камиони ќе бидат ставени на располање на „шумското“. Со се што имаме, со жива сила за утовар и истовар. Граѓаните мора да добијат дрва. Изјави Ане Бојаџиев, директор на ЈП Исар-Штип
Во текот на следната недела, до домовите ќе бидат дистрибуирани над 2000 метри кубни огревно дрво.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
