Шокантна снимка од пукањето: Се доближи до излогот кафулето и ги изрешета луѓето како на филм
Српската полиција и натаму трага по мажот која пред десетина дена изрешета двајца бизнисмени, А.Ч. (47) и С.К. (42) одека седеле во кафулето „Багат“ во Лесковац.
На интернет се појави снимка од пукањето кое изгледа како во холивудските филмови.
На него се гледа напаѓачот во црно како полека се доближува до излогот на кафулето, и почнува да пука. Потоа со трчање бега од самото место низ премин од левата страна на кафулето.
Пукањето се случи на 16 декември околу 23 часот, а во јавноста се шпекулира дека ранетите бизнисмени не биле вистинска мета туку Д.Ѓ кој е познат под прекарот Пинк Пантер.
Тој наводно прекарот го добил поради учество во работата на истоимената разбојничка банда која оперираше во странство и украде скапоцености во вредност од над 11 милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток