-->
-->
Шојбле: Мораме да го ограничиме бројот на луѓето, кои доаѓаат во Европа
-->
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле синоќа изјави дека е неопходно да се ограничи бројот на луѓето, кои доаѓаат во Европа, која се соочува со најголем прилив на бегалци од Блискиот Исток и Африка.
- Мораме да го ограничиме приливот во Европа, нагласи Шојбле во интервју за германската телевизија ЗДФ.
Шојбле изјави дека Европа треба да биде подготвена да прифати луѓе, но дека не може да го стори тоа што е невозможно.
Според досегашните проценки над 200 илјади мигранти пристигнале во Германија само минатиот месец, што е речиси исто колку што вкупно влегле целата мината година, а германската Влада очекува дека до крајот на годината нивната бројка ќе биде над еден милион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден