Шкотска најави втор референдум за независност
Првиот министер на Шкотска Никола Старџен денеска најави план за втор шкотски референдум за независност.
Во говорот во Единбург, Старџен изјави дека доколку Велика Британија сака да излезе од Европската унија, не земајќи ги предвид желбите на граѓаните на Шкотска, кои на референдумот гласаа против Брегзит, тоа во голема мера ќе ги отежне преговорите, јави Би-Би-Си.
Таа оцени дека Владата на Велика Британија не се поместила „ниту инч“ и оти шкотскиот народ ќе одлучува за својата иднина.
На прашањето дали ќе поднесе оставка доколку не успее да се избори за втор референдум, Старџен одговори дека ќе го направи „она што е најдобро за Шкотска“ и оти „не планира да изгуби“.
На прашањето дали навистина верува дека може да се изгласа независност на вториот референдум, Старџен одговори: Да, верувам.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани