Шеши: Во Албанија има околу 300.000 хомосексуалци
Директорката во Министерството за здравство, социјална заштита и млади, Етлева Шеши, гостувајќи во телевизиска емисија рече дека во Албанија треба да има околу 300.000 хомосексуалци.
– Ако во Европа 10 отсто од популацијата припаѓа на ЛГБТ заедницата, зошто во Албанија би било поразлично, значи околу 300.000. Да бидеш геј или лезбејка нема ништо лошо, изјави Шеши, одлучно посочувајќи дека „не е ни малку грешка“.
И претставниците на нивната асоцијација во Тирана „Розова амбасада“ изјавија дека десет отсто од популацијата во Албанија односно меѓу 250.000 и 300.000 се хомосексуалци.
Во рамките на проект за разбивање на табуата за геј заедницата, во средните училишта во Тирана одржани се низа средби а организациите за заштита на правата на хомосексуалците во Албанија организираа и геј паради во Тирана без никакви проблеми.
Првата геј парада во Тирана беше одржана во средината на мај 2012 година.
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
-
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-
Силен земјотрес регистриран на Тонга
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија