-->
-->
Шарапова доби вајлд-кард за УС Опен
-->
Руската тенисерка Марија Шарапова доби специјална покана од организаторите на последниот гренд-слем во сезоната, УС Опен. Таа по пауза од 15 месеци, откако ѝ истече суспензијата поради допинг, повторно ќе се најде во главната ждрепка на еден гренд-слем, пренесе Би-би-си.
Шарапова (30) му се врати на тенисот во април годинава на турнирот во Штутгарт, но потоа не доби „вајлд карта“ од организаторите на Ролан Гарос, за потоа да се повлече од Вимблдон поради повреда и не побара специјална покана.
Петкратната гренд-слем шампионка во моментов се наоѓа на 148. место на ВТА листата.
Марија Шарапова во 2006 година, кога имаше 19 години, успеа да триумфира на УС Опен. Таа е една од ретките тенисерки кои ги освоиле четирите гренд-слем турнири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани