Шабан конечно проговори за Цуца: Еве што рече за проблемите во бракот
Познатиот пејач Шабан Шаулиќ слободното време го поминува во Крчедин, каде има викендичка и често престојува. Ужива во риболовот таму. Во последно време се шпекулира дека Шабан ја обновил врската со Ивона Неговановиќ Цуца, а тој за тоа вели:
-Ма каква Цуца и девојки! Имам жена, деца, внуци и никогаш подобро не сум се чувствувал. Тоа што го зборуваат за мене е будалаштина, одамна е тоа завршено. Немам повеќе никаква врска со неа. Супер ми е со Гоца, рече тој.
На прашањето дали имал проблеми во бракот во последните неколку месеци, Шабан вели:
-Глупости не сум правел, мене годините не ми го дозволуваат тоа. Им бев интересен на новинарите дека сум љубовник во овие години, но тоа е будалаштина. Нормален човек сум, секогаш сум се однесувал убаво. Каков љубовник можам да бидам на 66 години? Сите ние се бориме подолго да траеме, а сега да си играм некој маж што брка жени, нема шанси. Ни како млад не сум си играл Дон Жуан, а сега повеќе не ни можам. Ме стигнаа годините, морам искрено да ви кажам, ама ми одговара кога луѓето ме сметаат за Дон Жуан, ми се допаѓа таа титула.
За тоа како ги решава кризите во бракот со Гоца, Шабан вели:
-Со оглед на тоа дека мојата жена многу сака да патува, ја водам понекогаш во Германија и Франција. Се знае што сакаат жените, да одат во шопинг, што јас и овозможувам, а таа оди и се задоволува. Тоа е некој начин да се искупам. Фактот е дека таа е незадоволна што јас често сум на Дунав и не сум дома, но кога сум дома, сите тие проблеми ги решавам на најдобар можен начин. Секогаш постојат кавди, нема брак што е идеален. Секогаш има несогласувања. Не се согласуваме околу нешто, а кај мене е тоа дека многу треба да работам во овие години. Таа тоа гледа да го усогласи и да не морам да претерувам со патувањата. Мене патувањата ме убиваат, а што се однесува до пеењето, пеам подобро од било кога.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп