Северна Кореја би можела да зададе фатален удар на ЗОИ во Пјеонгчанг
Северна Кореја би можела да нанесе „смртоносен удар“ на претстојните Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во Јужна Кореја, изјави во Сеул министерот за обединување Чо Миунг-гион.
Тој истакна дека доколку Пјонгјанг направи уште едно тестирање на нуклеарен проектил, тоа би можело негативно да се одрази на одржувањето на олимписките игри.
Чо изјави дека најверојатно, редовната воената вежба на САД и Јужна Кореја ќе биде одложена за да се избегнат сите провокации пред ЗОИ во Пјеонгчанг, кој е оддалечен од границата само 80 километри.
- Ако Северот повторно провоцира за време на Олимпијадата, тоа може да биде фатален удар за организаторите, изјави јужнокорејскиот министер на форум во Сеул.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 9 до 25 февруари следната година.
Ново на Сител
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина