Семинар во Охрид за предизвиците и модернизацијата на даночниот инспекторат
„Предизвици и модернизација на даночниот инспекторат“ е главната тема на дискусија во рамки на семинарот за инспектори и даночни експерти од Управата за јавни приходи што викендов се одржува во Охрид.
Пред околу 250 инспектори, домашни и надворешни експерти и соработници од Јавното обвинителство, Царинската управа и Управата за финансиска полиција, директорката на УЈП Сања Лукаревска укажа на потребата од кадровски и организациски реформи на службата.
- Заеднички треба да се избориме и да докажеме пред сите дека не сме орган на репресија, дека не сме подложни на никакви притисоци, дека согласно закон ќе ги решаваме проблемите, ќе функционираме праведно, а не селективно, дека никој нема да го поштедиме ако затајува данок и ако не ги исполнува даночните обврски. Инспекторот е лицето на УЈП и со својата работа и пристап, секој граѓанин прави проценка за ефикасноста, успешноста и професионалноста на УЈП, истакна Лукаревска.
За собирот во Охрид, којшто се одржува по пауза од 11 години, Лукаревска оцени дека тој треба да стане пракса и да биде можност за да се укаже на слабостите во работењето на Управата, но и прилика за размена на искуства и споделување нови знаења.
Освен за практичните искуства и примената на законските одредби во делот на кривичната постапка, даночното затајување и соработката со Јавното обвинителство, на семинарот ќе стане збор и за новините во работата на Управата во делот на измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, специфичностите и пренесувањео на даночната обврска, примената и ослободувањето од ДДВ при реализација на проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови - Закон за данок на додадена вредност, фискализација, специфичности и контрола по видови даноци...
На тридневниот семинар се очекува да се обратат и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во врска со потребата и важноста од добрата соработка на службите.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга