Семејството на Шумахер очајно - ја загубија битката
Семејството на Михаил Шумахер е очајно бидејќи загуби голема битка. Во петокот тие ја загубија битката која ја водеа со години, за натписите во германскиот весник "Die aktuelle".
Весникот во 2015. година објави фотографија од сопругата на возачот на Формула 1, Корина, и напиша дека таа е среќна во новата љубов. Во тешките моменти ова многу го погоди семејството, па тие решија да го тужат весникот за нанесената душевна болка и неточните приказни. Корина бараше отштета од 50.000 евра, но во петокот судот во Хамбург одлучи да ја отфрли тужбата со образложение дека насловната страница не ги навела луѓето да мислат дека таа го оставила сопругот.
Инаку, семејството на легендарниот возач од несреќата на француските Алпи во 2013. се изолираше од јавноста. Одлуката на судот, како што пишуваат германските медиуми, била тежок удар за семејството кое е очајно за неправдата.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка