Семејна трагедија на Косово: Татко си ги избодел близнаците стари само 40 дена
Бебе старо само 40 дена починало од последиците на повредите кои со нож и ги задал таткото во Штрпце, додека другото во тешка состојба е префрлено во Клиничкиот центар во Ниш.
Станува збор за близнаци од машки пол од 40 дена избодени со нож, при што едното било донесено мртво, а другото во тешка состојба пренесено во Ниш и сместено на одделението за Интензивна нега.
Здравствената состојба на повреденото бебе е стабилизирана и тоа е надвор од животна опасност.
Таткото на близнаците Дејан Крстичиќ (35) кој бил професор по физичко воспитување во Средното училиште во Штрпце, синоќа од засега непознати причини со нож ги избодел бебеињата, соопшти косовксата полиција.
Тој и жената која е од околината на Штрпце, живееле со семејната куќа со неговите родителите. Соседите се шокриани поради трагедијата, а велат дека немало никави навестувања дека нешто страшно може да се случи и дека не делувало како да има несогласувања во семејството.
Според неговите зборови Крстичиќ работел со деца и важекл за мирен, тивок и повлечен човек.
Полицијата на самото место го уапсила Крстичиќ.
Семејната трагедија се случила синоќа околу 19 часот во семејна куќа во Штрпце.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости