Селена Гомез напиша отворено писмо за поддршка на ЛГБТ заедницата
Селена Гомез одговори на иницијативата за одбележување на Геј Прајд месецот, инициран од страна на списанието Билборд и напиша писмо до членовите на ЛГБТК заедницата, во кое сподели увид во своето детство во кое била опкружена со „љубезни, забавни и драги пријатели“ на својата мајка, кои биле хомосексуалци.
- Јас се сеќавам кога бев дете и кога во неделите одев на ручек со мајка ми и група нејзини пријатели. Не знаев дека тие се геј, зашто во тоа време не сфаќав што значи тоа. Се што знаев е дека се љубезни, забавни и драги луѓе во чие друштво сакав да бидам. Дефинитивно морам да и заблагодарам на мојата мајка што ме воспитуваше во духот на отворен ум и опкружување кое не осудува, напиша Селена во писмото.
Исто така, таа раскажа дека нејзината мајка за 16-ти роденден организирала многу убаво изненадување.
- Бев изненадена со настап на најубавата Драг кралица, која ја пееше мојата омилена песна, рече Селена.
Младата пејачка гледа напредок кој ЛГБТК заедницата го остварила до сега, но признава и дека пред нив има уште многу работа.
- Се радувам на денот кога тие лица нема да бидат осудувани и дискриминирани и кога луѓето нема да се плашат од својата сексуалност, напиша Селена.
Ново на Сител
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец