Седум сообраќајки во Скопје, едно лице тешко повредено
Едно лице се здобило со тешки телесни, а четири со полесни телесни повреди во седум сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Четири сообраќајки се со причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 10 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ Ацо Шопов“ во општина Бутел.
Ново на Сител
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници