Балкан
18. February 2022 - 8:49

Се запали траект со 288 патници, пловел од Грција за Италија | ВИДЕО

Пожар избувна на траект кој пловел од Грција кон Италија, во кој имало 288 патници и членови на екипажот, соопшти грчката крајбрежна стража.

Фериботот „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме пловел од Игуменица во Грција до пристаништето Бриндизи во Италија, а пожарот избувнал во близина на островот Крф во Јонското Море, пренесуваат агенциите.

Крајбрежната стража соопшти дека на бродот имало 237 патници и 51 член на екипажот.