Се за клик на ЈуТјуб: Момче си ја зацементира главата во микробранова, го спасуваа со часови
22-годишно момче од Велика Британија пожарникарите едвај му го спасија животот откако ја зацементира својата глава во микробранова печка.
Момчето и група негови пријатели истурија цемент околу неговата глава во микробранова, која ја штитеше пластична кеса. Како што наведува Индипендент, момчињата сакале да ја искористат микробрановата како некој вид калап за главата на момечто, а додека да дојдат пожарникарите на местото на настанот, групата се обидувала да го ослободи цели 90 минути.
Пријателите претходно некако успеале да провлечат цевка до носот на момчето за да може да дише.
-Иако можеби им се чинело како смешна идеја, ова момче лесно можело да се задуши или да се здобие со сериозни повреди. Најтешко е да се раздвои микробрановата, зошто поголем дел не е заварен, а сепак да не се повреди момчето, изјави командирот на пожарникарската единица Шон Дакин.
-Се виде на крајот дека им е многу жал, но нивната непромисленост ги доведоа до тоа да бил на друго место можело да се случи реален проблем и да не можевме во тој момент да му помогнеме, додаде тој.
Иако целиот случај би можел трагично да заврши, ЈуТјуберите успеаја во својата намера. Имено, снимката која ја поставија на социјалната мрежа за помалку од 12 часа имаше речиси 900.000 прегледи. Во наредните часови го видоа 3 милиони.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата