Се уште непозната е причината за непријатниот вкус на водата во Тетово
Се уште непозната е причината за непријатниот вкус на водата во Тетово.. Испратените мостри до Институтот за јавно здравје подлежат на детална анализа.. Директорот Шабан Мемети во телефонски разговор за Сител вели дека проверките кои се прават во нивните лаборатории се сложени поради што е потребно подолго време за испитување на примероците..
Со лабораториските анализи се проверуваат основните физичко-хемиски својства на водата, нејзината бактериолошка исправност, присуството на трихалометани и пестициди, а мострите од тетовскиот водовод подлежат и на радиолошка и паразитолошка проверка..
Инаку непријатниот вкус на водата од градската мрежа во Тетово се појавил викендов.. Претходно дел од жителите велат дека имало повремени прекини на водоснабдувањето по што забележале заматување на водата и невообичаен вкус..
Причината за променетиот вкус на водата, надлежните вчера ја бараа и на изворите од кои Тетово се снабдува со вода за пиење.. Квалитетот проверувал и во новата пречистителна станица.. Овие анализи не покажале отстапки во основните физичко-хемиски својства според кои водата е исправна за пиење, велат од Центарот за јавно здравје..
Сепак превентивно порачаа, за пиење да се употребува флаширана вода..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
