-->
-->
Се санира куполата на црквата „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш
-->
НУ Завод и Музеј-Битола продолжува со санацијата на црквата „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш.
Црквата е изградена во 1871 година и претставува еден од поголемите црковни објекти во регионот, истакна Зоран Алтипармаковски, директор на Завод и Музеј-Битола.
- Продолжува санацијата на куполата и ѕидното сликарство на куполата на црквата во селото Гопеш. Куполата е на висина од 16 до 18 метри, направено е скеле и се продолжува со активностите, бидејќи има оштетувања. Освен врз куполата, се интервенира и врз јужниот ѕид на црквата кој се оштетува поради спуштање на земјиштето. Нашите екипи ставија стеги за да не се случи некој поголем проблем со еден од најзначајните објекти во регионот, посочи Алтипармаковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник