Македонија
26. јуни 2016 - 17:30

Се градат теретани на отворено - 20 фитнес зони во Велес

Се градат теретани на отворено. Проектот за изградба на 20 фитнес зони стартуваше во Велес. Секоја од зоните ќе има по осум справи на кои истовремено може да вежбаат 30-тина луѓе. Проектот го реализира Агенцијата за млади и спорт. Предвидено е да инвестираат вкупно 40 милиони денари.

Три месеци порано почнува изградбата на фитнес зоните во државата. Според локалните власти, инвестирањето за развој на спортот придонесува младите да водат здрав живот. Освен изградба на нови терени, се инвестира и во поправка на постојните спортски објекти.

Од Агенцијата за млади и спорт велат дека во следниот период ќе почне и реализацијата на проектот за изградба на 150 игралишта за уличен баскет.