Македонија
23. April 2017 - 16:26

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и општините

СДСМ на прес-конференција побара да се деблокира работата на Парламентот за да може да се избере нов собраниски претседател кој ќе ги закаже локалните избори.

Претседателот на партиската Комисија за локална самоуправа Дејан Павлески посочи дека за три недели, односно на 15 мај, градоначалниците и советите на општините ги губат ингеренциите и овластувањата и дека ќе биде доведена во прашање целокупната работа на општините.

- Тоа значи дека граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон, социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци. Ова значи егзистенцијален ризик за најранливите категории граѓани. Но и не само за нив. Вработните во општините ќе останат без плата, вработените во училиштата, градинките, културните установи од локален карактер, како и вработени во противпожарните единици и во другите општински установи нема да можат да земаат плата..., рече Павлески. 

Тој го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на влста и избор на нов претседател на Парламентот.