СДСМ и Ванхауте ќе го менуваат законот поддржан од ЕУ
Постоечкиот Закон за медиуми не само што е донесен во преговори помеѓу владата, Здружението на новинари и Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ, туку неговото донесување беше финансирано со 900.000 евра експертска помош од ЕУ. Колку парадоксално е закон за кој ЕУ потрошила скоро еден милион евра, и го правеле експерти на уијата , одеднаш да го поништуи Питер Ванхауте во интерес на диктааторскиот предлог на Заев и СДСМ. Предлозите кои сега ги нуди Ванхауте и СДСМ се целосно спротивни на препораките на експертите на ЕУ кој учествуваа во правење на законот, сметаат електронските медиуми.
Целиот проект за донесување на закон за медиуми според европските стандарди се викаше „Зајакнување на админситративните капацитети на Агенцијата за електронски комуникации и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги“. Овој проект, заврши во април годинава со донесување на последните подзаконски акти, а официјалното затворање беше во јули. Зачудува колку контрадикторен, неразумен и нерационален е потегот на Ванхауте кој што одработувајки за Заев сака да поништи закон што всушност е проект на ЕУ, проект кој завршил пред само шест месеци, а од истата таа Европска унија тој е испратен да посредува во Македонија – реагираат електронските медиуми.
„Истовремено решенијата кој ги нуди Ванхауте се целосно спротивни на препораките на експертите на ЕУ кои се веќе дел од постоечкиот закон. На пример, токму според препораките на ЕУ, дел од извршните решенија од надлежностите на работата на Агенцијата за медиуми, се префрлија од Советот на агенцијата на стручните тела и на директорот на агенцијата, а сега Ванхауте сака да ги врати тие решенија назад. Но најважната препорака на експертите на ЕУ а тоа е дека мнозинството на членови на Агенцијата за Медиуми и Советот на МРТ, треба да ги предложат новинарските здруженија и други релевантни здруженија кои имаат голем број на членови, како адвокатската комора, МАНУ, Интеруниверзитетската конференција и други, а нивниот избор да биде формално потврден во Собранието на РМ. Ванхауте нуди целосно спротивен предлог за да му угоди на СДСМ, нуди членовите на овие институции да се бираат на јавен конкурс, а одлуката кој ке биде избран да ја носи Собранието, што значи целосно исклучување на сите горенаведени здруженија во одлучувањето кој ке бидат членови на овие тела, и изборот ке се сведе на голо пазарење помеѓу политичките партии.“ – стои во реакцијата на електронските медиуми
Вака партизирани институции не постојат во Европа, а предлагањето на вакви диктаторски решенија веќе почна да создава реакции и револт во Европскиот парламент па одредени европратеници почнаа и јавно да го искажуваат незадоволството од обидот да се наметне медиумски мрак во Македонија
Сите релевантни медиуми во државата, новинарските здруженија, Асоцијацијата на Национални телевизии, и експертската јавност се против носење на нов дикататорски закон. Единствени на кои им треба ваков монструозен закон се СДСМ и Вахауте, само и само за да се инструментализира намерата на Заев да ги уништи своите непријатели, Медиумите.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар