Самостојна изложба на Евгениј Пантев
Графичарот Евгениј Пантев вечер ќе има самостојна изложба во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.
- Авторот со строги канони и ставови, верен на традиционалните графички техники, особено сува игла, е во постојано испитување и истражување во обликувањето на просторот и материјалот, при што настануваат дела со разновидност и разномерност. Оттука и овие облик-знак, знак-симбол или симбол-облик, поставени во имагинарни и симболични простори во неговата душа, на неговата духовна иконографија. Чувството е големо штом делата на вредната рака, смелоста и мечтата ги опфатиш со поглед, пишува Љупчо Маленков за изложбата.
Евгениј Пантев е роден во 1966 година во Софија, Бугарија. Дипломирал на одделот за графика и графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Тој е магистер по ликовни уметности –област графика.
Своето богато ликовно творештво досега Пантев го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава. Учествувал на повеќе од 100 национални и меѓународни групни графички изложби, биенални и триенални во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција, Турција, Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Белгија, Холандија, Италија, Полска, Литванија, Англија, Египет, Канада, Јапонија, Кина, Русија, САД...
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки