-->
-->
Самохран татко од Куманово изгуби се што имаше - пожар му ја пеплоса куќата
-->
Момчило Стефановски, 55-годишен самохран родител од кумановското село Речица, невработен, татко на лице со попреченост, денеска преку медиумите, побара помош од граѓаните и институциите за сместување, откако во пожар што избувна вчера попладне изгоре објектот кој му го отстапиле за живеење „Македонски железници“.
Стефановски 16 години живеел во поранешната железничка постројка „Карпош“ над село Речица. Пожарот избувнал околу 14 часот, а како што информираше командирот на противпожарната служба од Куманово, Дејан Илиевски го гаселе екипи на противпожарната единица се до четири часот утрово.
- Секоја година се бориме во ова време со палења стрништа, овој пат не успеавме, се што имав се изгубив. Се мачев и јас и екипите на противпожарната единица, помагаа и од Македонски железници, но попусто, се отиде во неповрат, изјави Стефановски.
Прва помош за Стефановски пристигна денеска од Црвениот крст, каде што и самиот волонтира.
- Донесовме пакети со храна, вода, хигиенски прибори, церада. Ќе продолжиме со пружање помош и во иднина, рече Бојан Петровски, лекар од мобилниот тим на Црвен крст Липково.
Стефановски апелираше до граѓаните и институциите да му помогнат, нагласувајќи дека во моментов најпотребно му е сместување за него и синот, лице со попреченост.
Во пожарот изгореле и мини-столарска работилница во која Стефановски самостојно работел, живина, како и домашни миленичиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа