Само 27 отсто од компаниите во Македонија се сопственост на жени
Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се сопственост на мажи, а во 67 проценти генерални менаџери. Жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички, покажуваат резултатите од истражувањето нааправено во рамки проектот „Еднаква моќ за жените“, во реализација на Институтот за комуникациски студии - Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија.
Затоа, како што посочуваат од Институтот за комуникациски студии - Скопје, ќе се продолжи со реализација на овој проект со цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.
Во рамки на овој проект утре во Скопје ќе се одржи „Првата меѓународна конференција за родова еднаквост“.
Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има голема поддршка од словенечката амбасада во Скопје.
Проектот „Еднаква моќ за жените“ започна да се реализира во годината кога се одбележува 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Словенија и Македонија и ќе трае наредните две ипол години.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци