Салехи: За пет дена ќе можеме да ја зголемиме збогатеноста на ураниумот
На Иран ќе му требаат само пет дена да ја зголеми збогатеноста на ураниумот на 20 отсто, изјави денеска шефот на Иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи.
Тоа е нивото со кое ураниумот може да се користи за производство на нуклеарно оружје.
- Доколку се одлучиме, во нуклеарната инсталација Фордо за најмногу пет дена можеме да произведеме ураниум со чистота до 20 отсто, изјави Салехи во интервју за иранската државна телевизија ИРИБ, а пренесоа француските медиуми.
Салехи, меѓутоа, додаде дека Техеран не сака тоа да се случи.
- Дефинитивно, не сме заинтересирани за таков развој на ситуацијата. Договорот не го постигнавме лесно за лесно да го напуштиме. Посветени сме и лојални на договорот, рече Салехи.
Иран, како што наведуваат американските медиуми, по потпишувањето на историскиот нуклеарен договор со светските сили,во 2015 година, се откажа од повеќето свои залихи од 20-процентен збогатен ураниум.
Со овој договор нивото на збогатеност на ураниумот за производство во Иран е огранчено на пет отсто, а во замена за ограничувањето на иранската нуклеарна програма, на Техеран му беа укинати санкциите.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка