Саем за градежништво: Енергетската ефикасност двигател на економскиот развој
Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и работните средини веќе не е луксуз и привилегија, туку услов што треба да обезбеди подобра иднина, беше речено на денешното отворање на 14. Саем за градежништво и недвижности.
Според директорот на Агенција за енергетика на РМ Александар Дуковски, енергетската ефикасност е прво гориво за економскиот развој на Македонија, но и за зачувување на животната средина
- Вкупно 40 отсто од енергетските потреби се за задоволување на домаќинствата, што покажува дека има голем потенцијал за намалување на потрошувачката, истакна Дуковски во обраќањето.
Во последните три години се донесени неколку клучни измени во законите за градење и за енергетиката, а донесени се, рече Дуковски, и правилници кои подетално го регулираат секторот енергетска еифаканост во градежништвото и ја поставуваат обврската енергетската ефикасност да биде составен дел од секој објект што се гради во земјава.
- Енергетските контролори кои беа обучувани во изминатиот период, активно работат на енергетски пасоши, редовно вршат контроли и даваат препораки за заштеда на енергијата во домовите. Неизоставен дел се и инженерските и градежните компании кои преку воведување нови технологии и подобрување на квалитетот на градбата, овозможуваат намалена потрошувачка на енергија, истакна директорот.
Осврнувајќи се на фактот дека со енергетски ефикасните решенија се овозможува почиста животна средина, потсети на зголеменото загадување зимава.
- Искористувањето на енергијата значително влијае и врз состојбата на животната средина. Тоа се виде и оваа зима, кога токму искористувањето на енергијата за загревање на домовите, резултираше со зголемено загадување на водухот, напомена Дуковски и заклучи дека за одржлив развој и чиста животна средина се неопходни заеднички заложби на секое ниво, национално, локално и индивидуално.
Целта на годинашниот Саем е да го задржи и промовира растот на градежништвото и да им понуди на посетителите директен пристап до најдобрите компании кои функционираат во овој сектор. Се очекува да го посетат голем број експерти за да се запознаат со новите трендови во секторот.
Промоцијата на енергетската ефикасност е поддржано од Швајцарската амбасада во Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability).
Цената на саемската влезница е 80 денари, а групните посети чинат 40 денари.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот