-->
-->
САД наскоро ќе дадат одговор за барањето на Турција за апсење на Ѓулен
-->
Американски претставници им кажале на своите турски колеги дека САД за неколку дена ќе одговорат на барањето на Турција за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во Турција, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг во интервју за турската телевизија НТВ, јави БТА.
Турција бара од САД да го екстрадираат Ѓулен, кој живее во американската сојузна држава Пенсилванија, за да биде изведен пред суд по обвинението за организирање на превратот за соборување на турската Влада на 15 јули.
Седумдесет и петгодишниот Ѓулен демантира дека е вмешан во обидот за преврат.
Вашингтон објави дека соработува со Анкара по ова прашање и ја замоли за трпение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник