САД: ИД употребува хемиско оружје во Сирија и Ирак
Американската администрација верува дека џихадистите на групата Исламска држава (ИД) произведуваат и употребуваат хемиско оружје во борбите во Сирија и во Ирак, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на неидентификуван американски функционер.
Според овој извор, САД веќе имаат идентификувано „најмалку четири случаи“ на двете страни од сириско-ирачката граница во кои припадниците на оваа исламистичка сунитска милитантна група користеле иперит.
Ова хемиско оружје, ИД го користел во форма на прав.
Вашингтон верува дека џихадистите имаат формирано посебна борбена ќелија, која се занимава со производство на хемиско оружје.
Американски разузнавачки и воени експерти проценуваат дека иперитот во фрома на прав се меша со класичен експлозив при полнењето на гранати, па потоа се употребува во минофрлачки оган.
Експертите сметаат дека постојат три начини за да се објасни како џихадистите обезбедиле хемиско оружје.
Едниот е дека самите го произведуваат во примитивни лаборатории, објаснувајќи го тоа со сознанието дека производството на иперит не е повеќе хемиска тајна, како и дека не преставува сложена операција.
Вториот начин е дека дошле до хемиско оружје на сириска и ирачка територија, а третиот дека станува збор за резерви откриени во Ирак за кои знаеле и Американците при нивната воена интервенција против режимот на Садам Хусеин од пред повеќе од десет години.
Изворот на кој се повикува Би-Би-Си не верува дека хемиското оружје што го поседува ИД е од арсеналите на сириската армија преземени од џихадистите, пред властите во Дамаск да го предадат под меѓународна контрола.
Американците веруваат дека џихадистите користеле хемиско оружје при нападот со минофрлачи врз позициите на курдските сили во северен Ирак. Минофрлачките гранати тогаш имале полнење со иперит прав.
Ова е првпат САД да објават дека милитантите од Исламска држава користат хемиско оружје во борбите во сирискиот конфликт, затоа што досега одговорноста за тоа Западот вообичаено им ја припишуваше само на силите лојални на Дамаск.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања