САД и ЕУ очекуваат денеска да биде постигнат договор за изборниот законик
Дипломатските претставништва на САД и на Европската Унија издадоа заедничко соопштение во врска со неуспехот на лидерите на четирите најголеми партии да постигнат согласност на разговорите за измените на изборното законодавство кои се водат изминативе денови.
- Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на САД во Скопје жалат што, и покрај напредокот постигнат на работната група, партиите се уште не успеаа да ја финализираат изборната реформа. Силно ги поттикнуваме четворицата партиски лидери да постигнат договор денеска. Денот на изборите наближува. Оттаму, потребно е изборниот закон да биде увоен што е можно поскоро и неговата имплементација треба да почне, имајќи ги предвид изборите во април, пишува во заедничкото соопштение на дипломатските претставништва на Европската Унија и на САД.
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли