САД го поздравија договорот ЕУ-Турција за мигрантска криза
Американскиот Стејт департмент доцна синоќа го поздрави договорот што го постигнаа ЕУ и Турција со со цел да се стави крај на мигрантската криза, оценувајќи дека тој претставува „значаен чекор“.
- Ја поздравуваме формулацијата во договорот дека сите бегалци имаат право на заштита. Тоа јасно покажува дека договорот е во целосна согласност со законодавството на ЕУ и со меѓународното право, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во текстот исто така се изразува и подготвеноста на САД да ги поддржат држваите кои се најмногу погодени од бегалскиот прилив.
Европската унија и Турција вчера постигнаа договор за надминување на мигрантската криза, со кој треба да запре приливот на бегалци преку Егејското Море и од утре сите нови мигранти што ќе пристигнуваат во Грција од Турција ќе бидат враќани назад.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување