Балкан
7. December 2015 - 18:28

Рускиот амбасадор во Анкара повикан во турското МНР поради инцидент во Босфорот

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов беше повикан денеска во турското МНР во врска со тврдењето дека руски војник насочувал рачен фрлач додека воениот брод минувал низ Босфорот.

Турција ја обвини вчера Русија дека извршила „провокација“ откако се појавија информации дека војник од руски воен брод држел рачен фрлач на рамо додека бродот минувал низ Босфорот.

Односите меѓу Турција и Русија се влошија откако на 24 ноември турски авиони соборија руски воен авион Су-24.