Руски функционер загина во атентат во Луганск
Пратеникот и поранешен воен началник во областа Луганск во источна Украина, која е под руска окупација, Михаило Филипоненко загина во експлозија на неговото возило, објави денеска локалниот медиум Луг-инфо, пренесе Бета.
Синот на жртвата Иван Филипоненко потврдил дека во експлозијата неговиот татко се здобил со „смртоносни повреди“.
Михаило Филипоненко бил пратеник во локалниот парламент и поранешен функционер на сепаратистичката Армија во Луганск.
Друг локален заменик од таа окупирана област, Јури Јуров, преку Телеграм потврди дека на 21 февруари 2022 година под возилото на Михаило Филипоненко била поставена бомба и дека е чудо што ја преживеал експлозијата. Тогаш беше повреден само неговиот возач.
Според Јуров, Михаил Филипоненко бил еден од основачите на сепаратистичката армија во Луганск во 2014 година, на почетокот на војната меѓу Киев и проруските украински сили поддржани од Москва.
Руските власти и припишуваат повеќекратни убиства или обиди за убиства на Украина од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.
Минатата недела руската безбедносна служба ФСБ го обвини Киев дека стои зад обидот за убиство на поранешниот украински пратеник кој пребегна на руската страна Олег Цариов на крајот на октомври.
Ново на Сител
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ