Русин испил осум шишиња вотка и починал
Еден 55-годишен Русин од Москва починал од труење со алкохол, откако во текот на новогодишната ноќ испил осум шишиња со вотка.
Човекот чие име не се открива, самиот учествувал во своевиден „маратон по пиење“ во кој немало други учесници, но по испиеното осмо шише се онесвестил.
Кога бил донесен во болница лекарите утврдиле дека пијаницата се наоѓа во состојба на токсичен алкохолен шок, па веднаш го префрлиле на одделението за интензивна нега.
Локалните медиуми пишуваат дека човекот ќе остане запаметен како рекордер во „маратонско пиење“ но дека сите обиди на лекарите за реанимација, не помогнале и тој следниот ден починал, без да се освести.
Полициската истрага открила дека човекот пиел „фалсификувана“ вотка, што веројатно уште повеќе помогнало за неговиот трагичен крај.
Соседите во куќата во која живеел им изјавиле на полицајците дека тој бил сам во станот. Во него биле откриени осум празни шишиња.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња