Свет
25. February 2024 - 11:08

Русија соопшти дека соборила украински дронови над Црното Море и Белгород

Русија соопшти дека во текот на ноќта уште еднаш одбила неколку напади со украински беспилотни летала, јави ДПА.

Противвоздушната одбрана пресретна и уништи два дрона над руската област Белгород во близина на границата и уште четири над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана во Москва утрово на Телеграм.

Информациите не можат независно да бидат проверени.