Ракомет
30. May 2024 - 8:12

Македонија ги дозна противниците за Мундијалот, ќе играме во Вараждин

По драматичниот бараж и епскиот пресврт против Фарски Острови, македонските ракометари се изборија за место на турнирот.

Светската ракометна куќа – ИХФ ја организира ждрепката за групната фаза на натпреварувањето во Загреб.

Македонија ќе игра во групата Д, во градот Вараждин против Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Сите групи за Светското првенство:

Група А: Германија, Чешка, Полска, Швајцарија
Група Б: Данска, Италија, Алжир, Тунис
Група Ц: Франција, Австрија, Катар, Кувајт
Група Д: Унгарија, Холандија, Македонија, Гвинеја
Група Е: Норвешка, Португалија, Бразил, САД
Група Ф: Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле
Група Г: Словенија, Исланд, Куба, Зеленортски Острови
Група Х: Египет, Хрватска, Аргентина, Бахреин

Светското првенство се игра од 14 јануари до 2 февруари следната година.